logo
logo
logo

Вработените по хотелите СЕ ОТВОРИЈА, ОВА се НАЈЛОШИТЕ работи кои ги прават гостите

Vecer | 25.05.2021

Вработените по хотелите СЕ ОТВОРИЈА, ОВА се НАЈЛОШИТЕ работи кои ги прават гостите

За повеќето луѓе, патувањето е незамисливо без престој во хотели. Тоа се места каде што другите ги задоволуваат нивните побарувања и каде што секогаш се во право. Но, тука е и другата страна на паричката, а ова се приказни на оние кои им доволуваат на гостите. Персоналот на хотелот е секогаш достапен, а секој што работел во деловна услуга барем неколку дена знае колку може да бидат бизарни барањата на гостите.

„Хотелски работници, кои се најлошите работи што ги прават гостите? го интересираше еден корисник на „Redit“ и многумина одговорија на неговото прашање. Еве некои од нив.

1. "Кога луѓето нарачуваат храна во собата една минута пред да се затвори кујната. Тие едноставно мораа да ја чекаат последната минута".

2. "Кога со испружена дланка ќе ја побарам вашата личната карта или кредитна картичка ставете ги во мојата рака. Не ги фрлајте близу до дланката".

4. "Дупчење дупки на дното на конзервите во минибарот. Ги пронајдовме само кога другите гости нè предупредија за нив, па не можевме да ги фатиме оние што навистина го направија тоа".

5. „Луѓето кои со себе ја земаат количката со багаж во собата и ја оставаат таму преку ноќ. Некои дури ја оставаат во својата соба за остатокот од нивниот престој“.

6. „Гости кои се жалат на големината на собите и како сè е толку едноставно и обично“.

7. "Ќе бидете шокирани од бројот на жени кои сметаат дека покажувањето на голи гради може да замени пари за хотелски услуги. Жал ми е, жени, но краткиот поглед на вашето тело нема да ми ја плати киријата."

8. "Кога ќе ја отстранат шминката од лицето со пешкир иако им даваме бесплатни марамчиња за отстранување на шминка. Неверојатно е тешко да се испере."

9. „Гости кои се жалат на бучавата од блискиот концерт или градежни работи како да имаме контрола над тоа“.

10. "Во просториите има канти за отпадоци со причина. Не оставајте користени кондоми и пакети лубрикант на креветот и масите за кафе".

11. „Луѓето кои знаат дека не мораат да плаќаат ништо само ако се жалат и нè малтретираат доволно долго“.

12. "Ако сакате два кревети во соба, резервирајте двокреветна соба. Не ја земајте најевтината опција со еден кревет и потоа да молите да добиете друг кревет по иста цена, бидејќи тоа не функционира".

13. „Кога лажат дека не пушат во просторија за непушачи“.

14. "Кога гостите се јавуваат и бараат соба со одредена големина. Вие останувате една ноќ, што точно планирате да направите во собата?"

15. „Кога гостите се однесуваат со секоја ситница како да им го уништува целиот одмор“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk