logo
logo
logo

Вработен во пицерија добил отказ, па решил да се одмазди преку ТЕСТОТО! Луѓето во ПАНИКА

Vecer | 24.10.2021

Вработен во пицерија добил отказ, па решил да се одмазди преку ТЕСТОТО! Луѓето во ПАНИКА

Властите во неделата уапсиле маж поради постоење сомневање дека ставал жилети во тестото за пица кое се продава во супермаркет во Мејн. Полицијата во Довер, во државата Њу Хемпшир, го уапсила 38-годишниот Николас Мичел заради сомнение дека во тестото за пица ставал жилети.

Полицијата соопштила дека одговорните лица од супермаркетот ги контактирале службениците минатата недела откако еден купувач пријавил дека нашол жилети во тестото за пица купено во продавница.

Наводно се сомневаат дека Николас го направил тоа од бес бидејќи претходно работел во фирмата која го произведува тестото, а неодамна бил отпуштен и се смета дека тоа било повод за ова злосторство.

Од ланецот супермаркети Ханафорд најавиле дека ќе ги повлечат сите производи на "Portland Pie-a", кои се продавале од 1 август до 11 октомври, а производите исто така биле повлечени од полиците на 180 супермаркети. За среќа никој не е повреден.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk