logo
logo
logo

Волтер има 100 години и 84 РАБОТИ ВО ИСТА ФИРМА, а открива и како успева

Vecer | 05.05.2022

Волтер има 100 години и 84 РАБОТИ ВО ИСТА ФИРМА, а открива и како успева

Волтер кој е  стар 100 години, вели дека неговата страст за работа е единствената причина поради која успеал да го постави овој интересен светски рекорд.

Волтер Ортман успеа да постави рекорд за најдолг работен стаж во една компанија, откако поминал дури 84 години во истата текстилна компанија во Бразил.

Тој првично бил ангажиран како тинејџер - наместо неговата мајка - затоа што зборувал германски, а таа не. Минатиот месец Ортман „влезе“ во Гинисовата книга на рекорди, откако ја оствари најдолгата кариера во истата компанија.

Тој бил принуден да го напушти училиштето на 15-годишна возраст, бидејќи неговото семејство се мачело да го одржи својот дом, пренесуваат медиумите. Се пријавил за работа во фирма за ткаење и бил ангажиран затоа што течно зборувал германски. Фирмата сега е позната како ReneauxView, а Ортман бил ангажиран како транспортен асистент на 17 јануари 1938 година. Останатото е историја...

Бразилецот подоцна бил унапреден на позицијата продавач, а потоа станал и менаџер за продажба. Се сеќава дека еднаш бил испратен на службено патување во Сао Паоло, а потоа му требало помалку од една недела да резервира нарачки за кои би биле потребни најмалку три месеци.

„Во далечната 1938 година се очекуваше децата да работат за да ги издржуваат своите семејства“, рече Ортман минатиот месец, истакнувајќи дека тој е најстариот од петте деца. Мајка му го однела да бара работа на 14 години.

Неговиот совет до секој кој сака долг и исполнет професионален живот е да го работи она што го сака и да се држат настрана од брзата храна.

- Мора да сакаш да работиш. „Почнав да работам со волја и борбен дух“, рече стогодишникот во неодамнешното интервју за Ројтерс, додавајќи: „Не можете да правите каква било работа за да кажете дека работите. Нема да можете да издржите“.

И покрај сите промени во технологијата, тој успеа да научи како да се прилагоди на финесите со кои се среќава во деловниот свет. Тој наполнил 100 години овој 19 април, а роденденот го прославил со семејството, пријателите и соработниците.

За да остане во форма, Ортман секојдневно вежба и се грижи за својата исхрана; избегнува шеќер, газирани пијалоци и други сокови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk