logo
logo
logo

Сè е можно кога се сака

Vecer | 16.04.2025

Сè е можно кога се сака

Кога сопственичката на книжарницата Мишел Туплин решила да ја пресели својата продавница на поголем простор, се соочила со логистички предизвик како да премести голем број книги без да ја затвори книжарницата неколку дена, пренесува NBC News.

Таа решила да повика доброволци да ѝ помогнат и резултатот бил синџир од луѓе за пренос на книги, долг околу 100 метри и се протегал од стариот магацин до новата локација на книжарницата.

Во акцијата учествуваа повеќе од 300 луѓе. За неполни два часа беше преместен целиот инвентар на книжарницата, по азбучен ред.

Новата локација на книжарницата, која е двојно поголема од претходната, ќе биде отворена кон крајот на овој месец, пред Денот на независната книжарница, 26-ти април.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk