logo
logo
logo

Во САД цените на бензинот највисоки во последниве четири години

Vecer | 06.05.2026

Во САД цените на бензинот највисоки во последниве четири години

Цените на горивата во САД нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот во Ормускиот теснец и нарушените залихи на нафта. Пазарот се соочува со сериозен притисок и нестабилност.

Зголемувањето на цената е поврзано со континуираниот конфликт во Иран и прекините во Ормутскиот теснец, клучен пат за глобален транспорт на нафта, каде што сообраќајот е ограничен, објави ABC.

Според GasBuddy, цената на бензинот се зголемила за 21 цент за галон во споредба со минатата недела, додека е поскапа за повеќе од 1,50 долари за галон од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари.

Главниот аналитичар на компанијата, Патрик Дехан, предупреди дека цените би можеле да продолжат да растат поради ниските залихи и неизвесноста на пазарот.

„Залихите на бензин во САД се веќе на повеќегодишни сезонски најниски нивоа, што значи дека цените ќе се соочат со уште поголем притисок нагоре“, рече Дехан.

 Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Иран мора да дозволи слободен премин на бродовите, предупредувајќи на можни последици доколку нападите продолжат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk