Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, заврши во болница со сериозни повреди по тежок пад со велосипед за време на спуст од Пасја Равна. Пахор преку социјалните мрежи информираше дека при падот заработил фрактури на клучната коска и на лопатката.
Иако повредите се сериозни, Пахор веќе истиот ден бил пуштен на домашно лекување, а веднаш следниот ден се вратил на работните обврски. „Сè е во ред, вечерта излегов од Итната помош, а денес сум веќе во канцеларија на разговор со новиот делегат на младите на ОН“, напиша Пахор на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија со имобилизирана рака. Тој упати посебна благодарност до семејството Кавчич кои му помогнале на теренот, како и до професионалниот тим на Клиничкиот центар во Љубљана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата