Во близина на потокот Хермон (Баниас) е пронајдено злато со тежина од околу 170 грама, а експертите проценуваат дека некој го сокрил за време на муслиманското освојување на областа во 635 година.

„Можеме да го замислиме сопственикот како го крие своето богатство поради претстојната војна со надеж дека еден ден ќе се врати по својот имот“, изјави Јоав Лерер, раководител на ископувањето, пренесе Би-би-си.

Освен златници, археолозите откриле остатоци од објекти, канали и цевки, бронзени монети и друго во областа на античката населба, соопштија израелските власти.

Баниас има посебно место во христијанската традиција бидејќи тоа е областа каде што Исус наводно му рекол на апостол Петар дека „ќе ја изгради својата црква во карпа“, пренесе Индекс.хр.