Во станбениот комплекс „Риџент Интернешнал Резиденшал“ (Regent International RESIDENTIAL), во централната деловна област Чијанџан (Qianjiang Century City) на округот Хангжу, Кина, живеат дури 20.000 луѓе кои никогаш не мора да излезат од него. Имено, со оглед на тоа што жителите во зградата можат да најдат сè што им е потребно за живот, тие навистина не мора да излезат од овој станбен комплекс доколку не сакаат.
Зградата, која првично била дизајнирана како луксузен хотел, се простира на 260 метри квадратни, висока е 206 метри и се состои од 39 ката, што ја прави една од најголемите згради во Кина, па не е ни чудо што стана вирална на Tикток.
@fatheristheone The Regent International apartment in Hangzhou, China is famous for having a lot of inhabitants comparable to a small town, around 20,000 #unreal #😎 #followme #love #free #forever #friends #earth #biggest#apartments#hangzhou #china ♬ original sound - father is the one
Мал град
Комплексот може да прими до 30.000 станари, но во моментов во него живеат 20.000. Овој мал град вклучува бројни објекти, како што се ресторани, берберници, козметички салони, супермаркети, базени и кафулиња.
@herbs2help #china #hangzhou #crazy #apartment #building #fyp #foryoupage #fypage #architecture #design #luxury #interior #apartemen #apartments #apartmentliving ♬ ceilings - Sped Up Version - Lizzy McAlpine
Зградата ја дизајнирала Алиша Лу, која го дизајнираше и хотелот Сингапур Сандс со седум ѕвезди. „Regent International“ требало да биде хотел со шест ѕвездички, но тој е претворен во комплекс од луксузни апартмани, популарни кај студентите, дипломците и младите стручни лица.
Инаку, наем на стан без прозорци во овој копмплекс обично чини 195 евра месечно, додека поголемите станови со тераси чинат околу 520 евра месечно.
Извор: srecna.republika.rs
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата