logo
logo
logo

Во ОАЕ регистрирана рекордна температура во мај од 50,4 степени Целзиусови

Vecer | 23.05.2025

Во ОАЕ регистрирана рекордна температура во мај од 50,4 степени Целзиусови

„Највисоката температура регистрирана во земјата денеска е 50,4 степени Целзиусови во Ал Шавамех“ во емиратот Абу Даби, објави Националниот центар за метеорологија на социјалната мрежа „Х“.

„Ова е највисоката температура некогаш забележана (во мај) откако започнаа евиденциите во 2003 година“.

Минатиот месец, пустинската земја доживеа невообичаено топло време - со рекордна просечна максимална температура од 42,6 степени Целзиусови, што ги натера властите да издадат препораки за населението да избегнува активности на отворено во најжешките часови од денот.

На 27 април, термометрите покажаа 46,6 степени - втора највисока температура некогаш забележана во земјата во април, по рекордните 46,9 степени во април 2012 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk