logo
logo
logo

Во кревет дознав дека МЕ ИЗНЕВЕРУВА СО КОЛЕГА ОД РАБОТА

Vecer | 24.02.2021

Во кревет дознав дека МЕ ИЗНЕВЕРУВА СО КОЛЕГА ОД РАБОТА

По 20 години брак, Британец доживеал не само сопругата да го изневерува, туку и дополнително го да понижи.

- Имам 44, а таа 43 години. Мислев дека сме среќни, но сега поголемиот дел од времето го поминувам во очај и во солзи. Јас сепак би сторил сè за неа. Се чувствувам безвредно, почнува тој со приказната.

Додава дека случајно открил дека сопругата го изневерува откако случајно во телефонот и видел експлицитни пораки кои и ги испраќал колега од работа.

- Се испостави дека има афера со колега од работа веќе две години, а тој исто така е оженет. Тоа беше првиот шок. Одлучив да молчам и да се правам дека не знам н  ишто и се надевав дека таа приказна ќе заврши со тек на време. Сепак, таа продолжи да наоѓа изговори. Тврди дека оди само на шопинг, но секогаш останува со часови, вели тој.

Како што вели вториот шок му се случил пред неколку месец кога доживеал хорор во спалната соба.

- Во кревет таа го кажа името на својот љубовник неколку пати, а јас буквално се чувствував понижено. Иако никогаш не разговаравме за тоа, и стана јасно дека знаев дека ме изневерува. И минатата недела беше на ред последното и најголемото понижување. На својот љубовник му купила пар скапи чевли, за што се посомневала и неговата сопруга, продолжува Британецот.

Тогаш решил дека време е да се одважи и да заземе став.

- Ја сакам толку многу што ме боли, и веројатно повеќе се грижам за неа отколку за мене. Таа вели дека ме сака, но мислам дека повеќе нема љубов од нејзина страна, завршува тој.

Набрзо пристигнал и совет дека треба да разговара со сопругата и дека доколку таа сака да продолжи со другиот подобро е веднаш да стават крај на бракот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk