Имено, полицаец на коњ е повисок, па полесно е да се следи сообраќајот и да се забележат прекршителите. Како тоа изгледа во пракса покажува полицијата на Авон и Сомерсет во Велика Британија, која на својот Твитер профил сподели видео со полицајци кои патролираат по градските улици на коњи.
Тие забележале сребрен теренец во кој возачот користел мобилен телефон додека возел. Тие галопираа и набрзо го фатија престапникот кој заработи голема казна од максимални шест поени и 200 фунти.
Officers from @ASPoliceHorses have been supporting #OpTelecom, our operation to clamp down on the risk posed by drivers who use their phone at the wheel. This driver was sighted & stopped on East Reach, #Taunton. Drivers face 6 points & £200 fine if caught using a phone.#FATAL5 pic.twitter.com/sW3YXWcaMU
— ASPolice Roads Policing (RPU) (@ASPRoadSafety) March 14, 2023
Како што пишува „Гардијан“, сообраќајната полиција се обратила до полицијата на коњи за помош при контрола на сообраќајот бидејќи било констатирано дека полесно откриваат одредени видови сообраќајни прекршоци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата