На северот и на истокот на земјата, пак, сè уште преовладува поларен студ.
Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милион луѓе, од Јужен Тексас преку Џорџија до Вирџинија, соопшти Националната метеоролошка служба.
Училиштата во Хјустон, четвртиот по големина град во САД, беа затворени во вторник и среда бидејќи се очекуваше да наврнат околу 10 сантиметри снег.
„Цел живот живеам во Тексас и никогаш не сум видел толкав снег“, вели Ишан Бајдани (29), сопственик на консултантска фирма во Хјустон. „Обично станува постудено, но овој фин снег, ова е прв пат.
Властите во Хјустон истражуваат два смртни случаи кои можеби се поврзани со временските услови.
Снег немало 15 години
Снег паѓаше и во Њу Орлеанс, каде што се акумулираа речиси 25 сантиметри до вторник попладне по локално време, според Националната метеоролошка служба.
Во Њу Орлеанс немало снег веќе 15 години.
„Останете дома и држете се надвор од патиштата“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел во видео порака до жителите на мрежата „X“.
Соборувајќи го рекордот стар 144 години, повеќе од 6 инчи снег падна во Мобил, Алабама, според „NWS“.
Невремето го наруши воздушниот сообраќај, но и патниот сообраќај, па летовите беа одложени или откажани во вторник. Според „Flightaware.com“, повеќе од 1.000 летови кои поаѓаат или летаат до Интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон се откажани.
I’m still in disbelief this happened. Here it is. Timelapse of historic New Orleans snow storm. Snow got up to 12 inches on my snowboard in the French Quarter. pic.twitter.com/M9byQeZJGL
— Payton Malone WWL-TV (@paytonmalonewx) January 22, 2025
Температурите паднаа многу под нулата низ целиот регион, што ги натера синоптичарите и локалните власти да ги повикаат жителите да се заштитат од смрзнатини и да преземат чекори за да спречат пукање на нивните водоводни цевки.
На југ, снегот во комбинација со акумулација на мраз и силни ветрови може да го отежнат патниот и воздушниот сообраќај неколку дена, заканувајќи се да ги урне далноводите и дрвјата.
This is just wonderful. Music and snow in New Orleans. Heaven!pic.twitter.com/1x08aDrepI
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 21, 2025
На север и на исток, сепак, продолжува да преовладува арктичкиот фронт со екстремно ниски температури, поради што инаугурацијата на Доналд Трамп беше преместена во затворен простор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата