logo
logo
logo

Во Белгија само 100 блогери со официјален сертификат за инфлуенсери

Vecer | 11.03.2026

Во Белгија само 100 блогери со официјален сертификат за инфлуенсери

Според податоците на Бриселс тајмс (The Brussels Times) тие се мал дел, од вкупно околу 6.000 луѓе кои се занимаваат со оваа професија. 

Од октомври минатата година белгиските инфлуенсери имаат можност да добијат сертификат со кој се потврдува дека ги почитуваат правилата за огласување и транспарентност на социјалните мрежи. Сертификатот е воведен од белгискиот Совет за огласување и Организација за маркетинг инфлуенсери (Influencer Marketing Alliance).

За да го добијат сертификатот, инфлуенсерите мора да поминат обука која опфаќа правила за огласување, стандарди за транспарентност, специфични правила за рекламирање на социјалните мрежи, како и прашања поврзани со општествената одговорност во дигиталниот свет. По завршувањето на обуката, кандидатите полагаат тест на кој треба да постигнат најмалку 70 проценти точни одговори, како и да се обврзат дека во пракса ќе ги почитуваат утврдените правила. Сертификатот важи една година и мора да се обновува годишно.

Белгиската организација за саморегулација на огласувањето, Жири д’етик публиситер (Jury d’Éthique Publicitaire), ги следи објавите и проверува дали инфлуенсерите се придржуваат до правилата. Во случај на нивно прекршување, инфлуенсерите можат да добијат насоки за исправка, но и привремено или трајно да го изгубат сертификатот. Иницијативата е поддржана од повеќе организации од секторот за огласување, како и од неколку големи брендови, кои најавија дека во иднина ќе соработуваат исклучиво со сертифицирани инфлуенсери. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk