logo
logo
logo

ВИСТИНСКИ НАЛЕТ НА ЕНЕРГИЈА! Марс е во знакот на ЛАВ до 29 јуни - ни следи одличен период!

Vecer | 21.06.2021

ВИСТИНСКИ НАЛЕТ НА ЕНЕРГИЈА! Марс е во знакот на ЛАВ до 29 јуни - ни следи одличен период!

Ако се измачивте од ретроградниот Меркур, дојде време да се одморите. Пред нас е одличен период во кој ќе можете да се покажете во вистинско светло, но не опуштајте се премногу!

Во текот на јуни, Марс ќе помине непречено низ првата декада на лав и нема да влијае на некои поважни или потешки аспекти со другите планети, а само во текот на последната недела од јуни Уран и Сатурн ќе му ги замрсат конците на Марс. Во периодот од 28 јуни до 8 јули, ќе имаме Т квадрат на Марс, Уран и Сатурн, што може да донесе напнати ситуации, фрустрации и некои кавги.

Марс ќе биде во знакот на лав до крајот на јули 2021 година. Тоа е многу огнена енергија чие мото е „Јас можам сѐ да направам!“. Со знакот на лав управува Сонцето - нашето битие, нашата енергија и нашето его, а кога таму ќе се најде Марс - воината планета, ја наоѓаме улогата на кралот воин, врховниот командант кој знае најдобро, или барем мисли дека знае т.е. кој влегува во борба со целото свое срце или во било која друга акција што ќе му падне на ум.

Марс во лав е многу енергичен, но понекогаш знае да претера, па своите активности ги доведува до крајност, што значи дека подоцна може да жали.

Луѓето со ваков Марс обично сакаат да се докажат и сакаат сите да видат како можат да направат нешто подобро и поубаво од кој било друг. Тие имаат идеален натпреварувачки дух, но тие се најдобри кога работат за себе, а не во тим, затоа што тогаш можат да се истакнат најмногу.

Лавот е фиксен знак, па кога ваква планета ќе дојде во знакот на лав, нема ништо што може да му го поколеба умот. Поради изразеното его, тука честопати игра гордоста, како и изразената тврдоглавост.

Но, сè додека станува збор за чисти и искрени намери, со доза на почит, сè ќе биде во ред. Ако го почитувате, ваквиот Марс ќе ви врати двапати повеќе бидејќи не му е проблем да помогне за било што.

Марс во лав е исто така будење на сексуалната енергија, која сега ќе се разбуди од досега заспаниот рак, а либидото ќе биде засилено. Времето на Марс во лав е период кога сите обично живнуваме, кога сме желни за акција, но и кога понекогаш стануваме импулсивни и претеруваме во своите намери и обврски.

Иако зависи од тоа каде е позицијата на Марс во вашата натална карта, Марс во лав едноставно сака да се забавува.

Единствениот проблем тука би можеле да бидат луѓето со Марс во бик или Водолија. Во овој случај, Марс ќе предизвика малку повеќе нервоза, бидејќи ниту бикот ниту водолијата не сакаат кога некој ги брза или ги совладува и контролира, а овој Марс навистина знае како да наредува.

Од друга страна, Марс може да разбуди во нас желба за нешто што никогаш не сме го направиле, но на крајот на јуни, Сатурн во Водолија ќе расте по принципот - добро, но не сега и не на тој начин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk