logo
logo
logo

Вистински Аквамен: Маж од Тонга пливал 27 часа за да спаси жива глава по цунамито (ВИДЕО)

Vecer | 21.01.2022

Вистински Аквамен: Маж од Тонга пливал 27 часа за да спаси жива глава по цунамито (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа по ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи, кој предизвика разорно цунами кое оштети многу села и градови и ја прекина комуникацијата.

Лисала Фолау, кој живее на малиот изолиран остров Атата со околу 60 жители, ги извршувал секојдневните обврски во моментот на цунамито. Околу 19 часот дошле огромни бранови и го однеле во морето, пишува Ројтерс.

Фолау изјавил за Broadcom Broadcasting дека го молерисувал неговиот дом кога брат му го предупредил за цунами и дека набргу потоа, бранови ја погодиле неговата куќа.

Се качил на дрво за да го избегне првиот бран, но кога се спуштил, вториот голем бран го однел. 57-годишникот рече дека е инвалид и не може да оди правилно.

„Само лебдев, големи бранови ме фрлаа наоколу и постојано доаѓаа“, изјави тој за радио станицата. Тој додаде дека подоцна успеал да исплива 7,5 километри до главниот остров Тонгатапуа, стигнувајќи до брегот 27 часа подоцна - во неделата околу 22 часот.

Успешната приказна на Фолау станала вирална на локалните Фејсбук групи и другите социјални мрежи.

„Тој е вистински Аквамен“, напишал еден корисник на Фејсбук, мислејќи на ликот од стриповите и филмовите.

Островот Атата, кој се наоѓа на околу осум километри северозападно од главниот град на Тонга, беше речиси целосно уништен во цунамито.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk