Експерт за ограбени уметнички дела кој ја бара со години е убеден, иако потеклото на инструментот е сè уште предмет на дебата.
Виолината, изработена од познатиот италијански мајстор Антонио Страдивари и која со години се смета за исчезната, вреди повеќе од десет милиони евра.
Паскал Бернхајм, која бара музички инструменти украдени од нацистите, за АФП изјави дека била заинтригирана од статија во локалниот весник Les Dernières Nouvelles d’Alsace. Статијата известува за настан одржан на 31 март во Музејот Унтерлинден во Колмар (источна Франција), кој комбинираше дегустација на вино и концерт на виолина како дел од велигденскиот фестивал во градот.
Таа вечер, виолинистот Емануел Копеј свиреше на неколку различни виолини, од кои три беа стари. Едната била „направена во 1624 година од Николо Амати“, другата била „од работилницата на Антонио Гварнери во 1735 година“, а третата била „од Антонио Страдивари во 1719 година“, според весникот. Ова се најпознатите мајстори во светот.
„Цврсто сум убеден дека ова е „Лаутербах“, виолина именувана по еден од нејзините први сопственици“, рече претседателот на здружението Musique et spoliations (Музика и грабеж).
Жичениот инструмент, кој беше украден од Националниот музеј во Варшава во 1944 година од страна на нацистички војници, последен пат беше виден на почетокот на 1990-тите во Франција, откако ја преживеа Студената војна и годините поминати во Источна Германија, според францускиот весник „Ле Паризиен“, кој објави истрага за ова прашање.

Постојат само девет виолини „Страдивари“ од 1719 година, од кои две се сметаат за исчезнати. Задниот дел на втората виолина, наречена „Лаутеншлагер“, се состои од две дрвени штици и затоа не може да биде виолината од Колмар, која има само една, според информациите од весникот.
Потониј мислел дека поседува „Вијом“, што било помалку ценето, сè додека светски познатиот експерт за виолина, Британецот Чарлс Бер (починал во 2025 година), држејќи го инструментот во рацете на симпозиум, не рекол: „Тоа воопшто не е Вијом, тоа е Страдивари, и тоа Страдивари од неговиот најдобар период“, рекла таа.
Градителот се плашел дека поседува виолина што можеби е украдена, додаде таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата