Астролошки предвидувања за последниот викенд во август.
ОВЕН
БИК
Немате некои поголеми промени на деловниот план во текот на викендот. Се’ ќе се одвида како и досега, мирно и без стрес. Во љубовта можно е да ви пречи љубомората која ќе ја покаже партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Одлично настапувате и немате дилеми кога станува збор за деловното поле. Пред вас е викенд во кој ќе бидете многу активни. Во љубовта нема назнаки за големи промени на полето за емоции.
РАК
Можно е да ви се пружи прилика за соработка со странство, која би била многу поволна за вашата работа. Во љубовта ќе бидете многу шармантни и привлечни за личностите од спротивниот пол.
ЛАВ
Пријатно сте изненадени со позитивните промени кои сте ги воочиле на своето работно место. Пред вас е добар викенд. Во љубовта ви одговара вниманието кое го добивате и ви се ближи почеток на врска со нова личност.
ДЕВИЦА
Можно е викендов да им се посветите на ситните обврски кои требаше да ги завршите пред извесно време. Во љубовта покажете му на партнерот како се чувствате и кажете му дека ви е важно да го зачувате вашиот брак.
ВАГА
Сами донесувате важни одлуки поврзани за работата и се трудите никого да не оптоварувате со своите дилеми и проблеми. Во љубовта викендов ќе сакате да ги покажете сите чувства кон партнерот.
СКОРПИЈА
Сметате дека постојат некои работи кои морате да ги разјасните со своите надредени и нема да се откажете се’ додека не ја постигнете својата цел. Во љубовта најверојатно нема да можете доволно да се опуштите.
СТРЕЛЕЦ
Можно е во текот на викендот да немате можност да дојдете до потребните информции за деловното поле. Во љубовта можете да очекувате многу интересен викенд и некое ново познанство кое во вас ќе пробуди желба за романтика.
ЈАРЕЦ
Време е да преземете контрола над својата работа и животот. Само вие можете да покренете некои промени. Импулсивно реагирате и немате такт кога станува збор за љубовното поле.
ВОДОЛИЈА
Можно е на некого да му дадете совети или помош, имате многу позитивни искуства во помагањето на другите. Односот со партнерот не е најдобар и не сте сосема задоволни од тоа.
РИБИ
Можно е да ве очекува многу напорен викенд во кој ќе имате многу деловни обврски. Во љубовта ќе бидете позитивно изненадени од предлогот од страна на една интересна и шармантна личност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата