logo
logo
logo

Видео: Водителка на временска прогноза во вести во живо падна во несвест!

Vecer | 19.03.2023

Видео: Водителка на временска прогноза во вести во живо падна во несвест!

Водителката ненадејно во емисијата во живо ја загубила свеста, а камерата снимила како прво се потпира на масата, а потоа и паѓа на подот.

Водителите на вестите на CBS во KCAL во Лос Анџелес се во шок откако нивната колешка, кој ја чита временската прогноза, се онесвестила среде вести во живо.

Водителите на вестите не знаеле што да прават. Никол Медина веднаш побарала од режијата кратка пауза „ќе мора да направиме кратка пауза“. Алиса пак со брза реакција е префрлена во болница и сега таму се опоравува.

Алиса Шварц подоцна се огласиле преку социјалните медиуми и истакнала дека е добро.

– Ќе бидам добро, благодарам на сите за пораките и повиците – напиша таа на Фејсбук.

 Алиса Карлсон Шварц и претходно но на друга телевизија се соочила со сличен проблем. Во 2014 година и се слошило за време на шоуто, а подоцна беше откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk