Новата книга „La Tragédie de l'Elysée - Dans l'enfer des quinquennats“на новинарот на Le Parisien („Трагедијата на Елисеј – во пеколот на мандатите на Макрон“), Оливие Бомон, открива доста интересни детали за францускиот претседател „и го разоткрива животот на Макрон“, на неговата демонстрација на моќ, а „индустриски количини“ парфеми со кои постојано се посипува како и кутии „грди“ очила за сонце со кои се исмева со своите соработници се само некои од нив.
Во извадок што го пренесоа многу светски медиуми, се опишува дека претседателот постојано користи толку многу колонска вода Dior Eau Sauvage што персоналот може да го помириса пред да влезе во собата. Според книгата „Трагедијата на Елисејската палата“, Макрон става парфем „во сите часови од денот“ и секогаш има шише при рака:
„Помалку навикнатите посетители можат да се чувствуваат обземени од цветен и мускусен мирис, кој ке префинет колку што е моќен. Тоа е знак за една работа: дека претседателот е во зградата. Исто како што Луј XIV го користеше парфемот како симбол на моќ додека парадираше низ галериите на Версај, Емануел Макрон го користи својот мирис на авторитет во Палатата Елиа“.
Инаку, Sauvage е еден од најпродаваниот парфеми во светот, чие заштитно лице е Џони Деп
Книгата, исто така, открива дека Макрон инсистира неговите помошници да имаат кутија со очила за сонце кои им ги дели на колегите со кои разговара во градината на Елисејската палата, доколку заборавиле да ги донесат своите, тој ги “наградува“ со „секој нов пар погрд од претходниот“. Еден министер во книгата наведува дека верува дека ова е уште еден трик на Макрон за да ја покаже својата моќ и доминација.
„Очигледно, ние не треба да изгледаме добро. Дури се прашувам дали тој не ужива да не гледа со овие работи. Изгледаме толку глупави“, рече министерот.
Книгата го анализира и неговиот ПР-пристап и пишува дека тој не се заснова на отворена агресија и атлетски способности, како оние на Путин. Тоа е посуптилно и се обидува да го прикаже шефот на државата како целосен маж – личност со која другите мажи би сакале да бидат, а кон жените за маж со кои би сакале да бидат. Тие ПР соработници го прикажуваат изгледот, самодовербата и шармот на Макрон исто како и неговата мажественост и физичка подготвеност.
Од фотографиите на претседателот како лежерно седи на жолт кауч со раскопчана кошула за да открие влакнести гради, до злогласниот портрет на Макрон во качулка во стилот на Зеленски додека влегува во Златната соба на Елисејската палата за време на раните денови на војната во Украина, многу од овие слики се обидуваат да го прикажат како сериозен и државник со карактер.
Неговиот фотографски опус изгледа како каталог на пресметана ноншалантност, каде секоја слика служи за двојна цел: да го хуманизира политичарот и да ја проектира неговата харизма истовремено, пишува новинарот на Ла Паризиен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата