logo
logo
logo

Видео: Снимки од последната поларна светлина во северна Германија

Vecer | 27.09.2023

Видео: Снимки од последната поларна светлина во северна Германија

Ноќното небо, велат очевидци, беше осветлено со различни бои - зелена, виолетова, жолта и црвена, а неколку дена претходно можеа да се видат необични сцени и над покраината Саксонија-Анхалт.

Жителите на Германија и во април годинава имаа можност да ја набљудуваат оваа појава. Инаку, Институтот за сончева физика при Германскиот вселенски центар (ДЛР) објасни дека појавата на поларната светлина не е особено необична и ретка.

Имено, приближно на неколку години фазите на слаба и силна сончева активност наизменично се менуваат во сончевиот циклус, па периодов се наближува и максимумот на сончевата активност. Следниот врв се очекува во 2025 година.

Статистички гледано, пролетта и есента се најдобри сезони за набљудување на поларната светлина.

Впрочем, оваа „игра на светлината“ настанува кога електроните како производ на сончева бура со голема брзина се судираат со магнетното поле на Земјата. Овој природен феномен отсекогаш ги фасцинирал луѓето, но малку е познато како сѐ тоа произведува звук што многумина го опишуваат како морничав.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk