Улична кучка успеа на неверојатен начин да го спаси своето болно кутре
На снимка од CCTV се гледа како улично куче го носи своето кученце кое умира и го остава на вратата на ветеринарната клиника во населбата Аднан Кахвеџи во Бејликдузу, во провинцијата Истанбул, Турција.
Ветеринарен техничар ја забележал ситуацијата и брзо го внел кученцето на лекување.
Кученцето било во лоша состојба, и веднаш било однесено на интензивна нега.
Кучката останала блиску до клиниката и го очекувала епилогот од лекувањето на кутренцето.
Ветеринарот Батуралп откри дека кучката претходно се породила во близина,на ветеринарната клиника.
Кучката подоцна го пронашла последното преостанато кученце и го донела на клиника за помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата