logo
logo
logo

Купила обетки за три долари, па се шокирала кога дознала колку вредат

Vecer | 17.01.2025

Купила обетки за три долари, па се шокирала кога дознала колку вредат

Накитот го пронашла во Мичиген, а веднаш ја привлекла кобалт сината и златната боја. Немала поим какво изненадување ја чека, пренесува Newsweek.

 „Постојано ги вадев и ги враќав на полицата, ми изгледаше апсурдно. Потоа ги држев до светлината и сфатив дека се направени од стакло. Цената не беше значајна, па ги купив“, објаснила таа.

По купувањето побарала мислење од експерт кој ја изненадил со откритието. Се испоставило дека пронашла обетки кои биле направени во 1960-тите.

Но, тоа не било крајот! Експертот објаснил дека во тоа време француската модна дизајнерка Коко Шанел соработувала со венецијанскиот уметник Архимед Сегусо за да создаде стаклен накит.

 „Најпрво се сомневав во нивната автентичност, но истражувањето на семејството Сегусо и нивните неверојатни вештини за производство на стакло, кои датираат од доцните 1300-ти, помогна. Ова се исклучителни обетки, а за мене претставуваат дел од модната историја“, нагласи гордата сопственичка.

Значи, се работи за винтиџ парче накит на Шанел за кое се проценува дека вреди над 700 евра. Понатамошните истражувања покажале дека вредноста би можела да биде уште поголема доколку обетките се споени со ланче од истата колекција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk