Нокаут со змија - погледнете ја најшокантната тепачка на улица на сите времиња!
Маж во улична тепачка користел огромен питон како оружје?!
45 годишен маж од Торонто е уапсен откако за време на улична тепачка нападнал друг маж со змија питон.
Полицијата претходно добила дојава дека маж нешто пред полноќ им се заканувал на случајни минувачи со змија во близина на раскрсница.
- Дошло до физичка пресметка и мажот употребил питон за да ја нападне жртвата – соопштиле од полицијата.
На социјалните мрежи кружи видео како маж замавнува со змија и со неа удира друг човек. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.
Dude uses his pet snake as a weapon during street fight in Toronto 😳 pic.twitter.com/T2lLKaLe4E
— Crazy Clips (@crazyclipsonly) May 13, 2023
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата