logo
logo
logo

Видео: Најголемото „капучино“ со прехранбено злато се служи со 10 слатки топчиња

Vecer | 26.12.2025

Видео: Најголемото „капучино“ со прехранбено злато се служи со 10 слатки топчиња

Цената на овој луксузен топол пијалак е 100 конвертибилни марки, или околу 50 евра. Според порталот „Политика“, „капучиното“ е подготвено по барање на гостин кој пристигнал во босанскиот главен град од Грачаница, со посебна желба да го проба кафето со злато.

„Гостинот нè замоли да му подготвиме 'капучино' во најголемата шолја што ја имаме. Со задоволство му ја исполнивме желбата и во таа прилика, според нашите сознанија, го урнавме светскиот рекорд за најголемо 'капучино' со јадливо злато“, соопшти ресторанот.

Можеби ќе ве интересира: Зошто црното кафе се смета за најздраво?

Светскиот рекорд не е официјално потврден.

Инаку, ова необично кафе е со големина како 10 стандардни „капучина“ со злато, а се служи со 10 слатки топчиња за десерт. Посебен визуелен и луксузен шмек му дава слој од јадливо злато со тежина од половина грам, со коешто напитокот е дополнително украсен. Поради „сложената“ подготовка и ексклузивност, од ресторанот велат дека ќе бидат потребни најави и резервации за секој што сака да ја вкуси оваа нова луксузна напивка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk