logo
logo
logo

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Vecer | 26.12.2025

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на ЦОГАТ (COGAT). 

Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера, додека пак артефактите датираат од периодот меѓу 4 и 7 век, наша ера. На едната страна од златниците се прикажани крстови, додека на другата се наоѓа портретот на византискиот цар Ираклиј, кој владеел од 610 до 641 година, објави, Тајмс оф Израел.

Тековните археолошки истражувања ги спроведува Единицата за археологија во соработка со Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, а ова откритие, иако не е наведено кога точно биле пронајдени предметите, беше јавно објавено на Бадник според Грегоријанскиот календар. Според Бенјамин Хар Евен, раководителот на археолошката единица, ова откритие претставува значајно сведоштво за византискиот период и ранохристијанската традиција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk