Експертите веруваат дека женката мрежест питон би можела да биде уште подолга.
Официјално е потврдена како најдолгата змија некогаш измерена во дивината.
Женка мрежест питон откриена кон крајот на 2025 година во областа Марос, на индонезискиот остров Сулавеси, официјално е потврдена како најдолгата змија некогаш измерена во дивината, според Гинисовата книга на рекорди.
Утврдено е дека змијата е долга 7,22 метри и тешка 96,5 килограми.
Експертите веруваат дека нејзината вистинска должина, со целосно опуштени мускули, би можела да надмине 7,9 метри.
Ибу Барон сега е под грижа на локалниот конзерватор Буди Парванта, објавува „Еуроњуз“.
Мрежестите питони се сметаат за најдолги змии во светот.
Иако видот не е отровен, може да биде многу опасен поради екстремната сила со која го стиска и задушува својот плен.
Поради уништувањето на шумите и недостатокот на природен плен, како што се дивите свињи, овие змии сè повеќе влегуваат во човечките населби.
Покрај тоа, џиновските питони често се загрозени од нелегалната трговија со егзотични животни.
Откритието привлече големо внимание не само поради големината на животното, туку и поради важноста на видот за зачувување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата