logo
logo
logo

ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Глувонема мајка со деменција ја препознава својата ќерка

Vecer | 10.04.2021

ВИДЕО КОЕ ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Глувонема мајка со деменција ја препознава својата ќерка

Врската помеѓу мајката и детето е силна, без оглед на околностите и возраста

Во редок момент снимен на видео, ЕмЏи Грант од Санфорд ја доловува убавата страна на животот, врската помеѓу родителот и детето што никогаш не се губи и покрај што нејзината мајка има деменција.

Грант внимателно се обидува да ја спаси својата мајка од немилосрдните канџи на деменција, но има и уште еден проблем, таа е глувонема.

Додека возат, двете разменуваат реченици на знаковен јазик. Грант внимателно  поставува разни прашања на својата мајка за да открие дали воопшто се сеќава на неа.

- Каде е ЕмЏи?

„Ја видов многу одамна на Божиќ ... заборавам“, одговара жената.

Трогателниот разговор ја опишува катастрофалната загуба што ја претрпеле најблиските поради деменцијата. Грант покажува трпеливост и го продолжува разговорот.

ЕмЏи Грант и објаснува на нејзината мајка како нејзините родители се глуви и неми и како таа треба да ги запознае. Тогаш интересот на жената се повеќе се буди ...

„Каде е мајка ти, јас треба да ја запознаам“, одеднаш објаснува таа.

- Мајка ми е тука ... Мислам дека ја познаваш - одговара ЕмЏи Грант и и го открива името на нејзиниот татко. Тогаш ситуацијата почнува да и станува јасна

- Дали те родив? - ја прашува нејзината мајка со возбуда.

Двете се воодушевија. -ЕмЏи Грант поради фактот што ја освежи меморијата на нејзината мајка, барем за момент,  а мајка и поради радоста што го препознала своето дете по долго време.

„Јас сум твојата мајка“, конечно заклучува таа

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk