logo
logo
logo

Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп

Vecer | 22.01.2025

Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп

Американските сојузни држави предводени од демократите и групите за граѓански права поднесоа серија тужби, со кои се оспорува обидот на претседателот Доналд Трамп да стави крај на државјанството по право на раѓање. Две слични тужби беа поднесени од Американската унија за граѓански слободи и имигрантските организации.

Трамп по инаугурацијата им нареди на американските агенции да одбијат да го признаат државјанството на децата родени во САД ако ниту мајката ниту таткото не се државјанин на САД или се законски постојани жители.

Дваесет и две држави под контрола на демократите, заедно со главниот град Вашингтон и градот Сан Франциско, поднесоа неколку тужби до федералните судови во Бостон и Сиетл, тврдејќи дека Трамп го прекршил Уставот на САД.

Во тужбите се тврди дека извршната наредба на Трамп го прекршила правото содржано во членот за државјанство од 14. амандман од Уставот на САД, кој предвидува дека секој роден во САД се смета за државјанин. Тие се повикуваат на одлуката на Врховниот суд на САД од 1898 година во случајот САД против Вонг Ким Арк, со која се утврди дека децата родени во САД, чии родители не се државјани, имаат право на американско државјанство.

- Доколку судот ја потврди неговата наредба, првпат повеќе од 150.000 деца кои се раѓаат годишно во САД би останале без право на државјанство. Претседателот Трамп нема овластување да ги одземе уставните права, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител на Масачусетс, Андреа Џој Кембел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk