logo
logo
logo

Велешките кошаркари од КК „Борец Баскет“ во недела со хуманитарен натпревар

Vecer | 23.02.2024

Велешките кошаркари од КК „Борец Баскет“ во недела со хуманитарен натпревар

 Сите средства од продадени влезници од 100 денари од натпреварот против екипата на „МЗТ УБ“ од Скопје  во недела во 17 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, како и дополнителните собрани донации ќе бидат уплатени на семејството на Лео.

 -Ви најавуваме дека средствата од продадените билети од неделниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје УБ ќе бидат донирани во фондот за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов, информираат од КК„Борец Баскет“ од Велес.

Тие  ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдан во недела на натпреварот и  да покажат  дека Велес секогаш бил  и е хуман град. Воедно и да ги поддржат да стигнат и до нова победа во Втора Лига!

Телефони за донации се ТМ : 143-118, А1 : 143-500

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk