logo
logo
logo

УЖАСЕН БРОДОЛОМ: Мајката ја пиела сопствената урина за да може да ги дои децата. Тие преживеаја. Таа не

Vecer | 17.09.2021

УЖАСЕН БРОДОЛОМ: Мајката ја пиела сопствената урина за да може да ги дои децата. Тие преживеаја. Таа не

40-годишната Марили Чакон го жртвуваше својот живот за да ги спаси животите на нејзиниот шестгодишен син и двегодишната ќерка по бродолом во Атлантскиот Океан.

Децата беа пронајдени на сплав четири дена откако го напуштија пристаништето Игуероте во Венецуела со нивните родители и се упатија кон островот Ла Тортуга.

Дадилката беше со нив. Мајката починала. Таткото на момчето и уште четворица кои биле на бродот исчезнале, пишува Daily Mail.

Мајката ја пиела сопствена урина за да може да ги дои децата и на тој начин ги спасила од дехидрација. Таа почина од откажување на органите предизвикана од дехидрација.

Потрагата продолжува, иако надежите дека ќе ги најдат живи брзо исчезнуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk