logo
logo
logo

Урнато легендарното мафијашко казино „Тропикана“ во Лас Вегас

Vecer | 10.10.2024

Урнато легендарното мафијашко казино „Тропикана“ во Лас Вегас

На местото на познатото казино ќе се гради нов стадион за тамошниот бејзбол-клуб, пишува „Гардијан“.

- Лас Вегас ќе си остане во стилот на Лас Вегас... Ја претвори оваа експлозија во спектакл, изјави Џеф Шумахер, историчар и потпретседател на Музејот на мафијата.

„Тропикана“ е третото најстаро казино во Лас Вегас, коешто беше затворено во април оваа година, по 67 години работа. Местото е длабоко поврзано со организираниот криминал, главно преку озлогласениот мафијаш Френк Костело, кој беше застрелан во главата во Њујорк неколку недели по отворањето на „Тропикана“, но успеа да преживее, потсетуваат медиумите во САД.

Полицијата во џебот од палтото му пронашла парче хартија со точниот износ на заработката во „Тропикана“, со што се открило учеството на мафијата во казино-бизнисот. Веднаш била покрената истрага за „Тропикана“, а сѐ тоа заврши со пет пресуди...

Следствено, првичната зграда на казиното одамна ја нема, бидејќи целиот комплекс е целосно реновиран во 1990-тите.

Од „мафијашката ера“ во Лас Вегас сега остана само комплексот казино „Фламинго“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk