logo
logo
logo

Украинки ПРОДАВААТ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ, а парите одат кај војската (ФОТО)

Vecer | 28.06.2022

Украинки ПРОДАВААТ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ, а парите одат кај војската (ФОТО)

Неколку Украинки почнаа да објавуваат свои голи фотографии и така собираат пари за да и помогнат на украинската армија.

Во изминатите три месеци собрале речиси 665.000 евра. Настасја Наско (23), основачот на оваа иницијатива за Business Insider изјави дека тоа се случило сосема случајно.

Имено, неколку дена откако Русија ја нападна Украина, Настасја на Твитер праша дали некој може со автомобил да ја евакуира нејзината пријателка од Харков. Откако никој на шега не и одговорил, таа напишала дека својата гола фотографија ќе ја испрати на секој што ќе помогне. По пет минути и се јавиле 10 луѓе, а целата акција завршила успешно. Нејзината пријателка побегнала од градот, а Настасја му испратила фотографија на човекот.

На профилите на TerOnlyFans има 35 жени и тројца мажи

Платформата била лансирана неколку дена подоцна, на Денот на жената. Моделот на апликацијата е сличен на OnlyFans и се базира на претплати. Парите собрани на TerOnlyFans, пишува Business Insider, одат директно во украинската армија. Најголем дел од парите одат за територијална одбрана, но дел од приходите, објаснува Наско, се испраќаат и за здруженија кои им помагаат на бегалците и животните.

Досега во проектот се вклучени 35 жени и тројца мажи. Разликата во однос на OnlyFans, објаснува организаторот, е што TerOnlyFans не прифаќа барања за конкретни фотографии.

Наско е од Белорусија. Пред војната живеела во Киев, а по руската инвазија се преселила во Варшава. Таа изјави за Business Insider дека е горда на нејзиниот уникатен начин на собирање донации за Украина: „Среќна сум што можам да ги поддржам луѓето во Украина и да покажам дека не сите Белоруси се како Русите, дека и ние сме добри луѓе. помогнете им на нашите соседи“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valeri (@vvv_v.ii)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk