logo
logo
logo

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: За некого НОВА ЉУБОВ, за некого ДЕБАКЛ

Vecer | 30.10.2024

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: За некого НОВА ЉУБОВ, за некого ДЕБАКЛ

Откријте што предвидуваат ѕвездите кога е љубовта во прашање:

Овен

Ако сте во врска: Партнерот конечно пред вас ќе ги изнесе своите проблеми и тоа што отворено ќе ви каже што го мачи ќе ви донесе големо олеснување.

Ако сте во брак, можно е да им обрнувате многу поголемо внимание на децата отколку на партнерот, па обрнете внимание дали тој се чувствува запоставено.

Во љубовната врска обидете се да не бидете љубоморни, особено ако немате вистинска причина за тоа и ќе видите како работите ќе тргнат на подобро.

Ако сте слободни: Ќе имате многу средби со луѓе на кои им се допаѓате и сте им драги. Некои од овие личности би направиле сè за да остварат поблизок контакт со вас, па дури и врска.

После подолг период на изолација конечно ќе почнете да комуницирате на вистинскиот начин и да го отворите срцето за нова љубов. Но, тоа најверојатно ќе се случи дури кон крајот на месецот.

Бик

Ако сте во врска: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со врска, свршувачка, дури и брак.

Главните случувања ќе бидат во втората половина од месецот и ќе минувате многу време со саканата личност, од која ќе црпите енергија и за нови професионални успеси.

Кај оние кои се во брак можно е проширување на семејството или пак минување повеќе време со помладите членови од семејството.

Ако сте слободни: Ќе одите на некоја забава, каде ќе запознаете личност која ќе ве вивне во облаците и со која ќе се чувствувате како да сте на седмо небо.

Можно е да станува збор за личност која неодамна излегла од љубовна врска или брак.

Конечно ќе соберете храброст да ѝ дадете повторно шанса на љубовта.

Близнаци

Ако сте во врска: Малку сте иритирани од чувството дека партнерот премногу се потпира на вас и ве заморува со работи кои треба да ги заврши тој самиот. Дури се сомневате на моменти дека во позадина има некоја тајна љубовна афера.

Почекајте неколку дена и со смирена глава разговарајте. Врската или ќе се стабилизира потоа или барем конечно сигурни ќе ставите крај.

Време е да се посветите на работите кои ви прават задоволство и да се ставите на прво место.

Ако сте слободни: Ќе бидете во дилема поради одредена личност и ситуација. Некои работи не ви се јасни и не можете да создадете вистинска слика.

Во втората половина од месецот ќе ви се допадне што за вас ќе се заинтересира личност со вистински семејни вредности, но и со динамика на живот каква што вие посакувате.

Во меѓувреме можни се кратки авантури и флерт на работното место.

Рак

Ако сте во врска: Ќе бидете многу толерантни кон партнерот, но и ќе направите вистински потег што ќе му се посветите нему, а ќе го исклучите телефонот и ќе ставите стоп на преголемата посветеност кон работата.

Испланирајте некое заедничко патување за одново да ја воспоставите квалитетната комуникација која некогаш ја имавте.

Ако сте слободни: Ви претстои некое романтично познанство со личност која ја заслужува вашата доверба.

Ќе се појави и личност од минатото која ќе се обидува да ве увери дека судбински ви е предодредена и дека треба да ја прифатите назад во својот живот.

Иако некои работи меѓу вас останаа недовршени, не смеете повторно да ја направите истата грешка и да ѝ дадете шанса.

Лав

Ако сте во врска: Партнерот како да врши притисок врз вас и тоа почнува да ви оди на нерви. Не мора да чекате ситуацијата да стане комплетно неподнослива, слободно ставете крај на врската.

Од друга страна, на Лавовите на кои добро им оди во љубовната врска ќе им пречи тоа што поради некоја околност ќе бидат одделени од саканата личност.

Во секој случај, откако ќе си ја решите ситуацијата, ви претстои навистина убав период.

Ако сте слободни: Малку сте конфузни во врска со тоа што сакате од љубовта, а вашите цели на моменти се навистина неостварливи.

Можно е да ви се допадне личност со страст за кариерата, но ако е така ќе мора малку да го средите хаосот во вашиот живот, пред да ѝ пристапите на оваа организирана личност.

Конечно ќе почувствувате љубовна страст, каква одамна си посакувавте.

Девица

Ако сте во врска: Ви претстојат денови полни со љубов, убави мигови и уживање со партнерот.

Ако сте дел од љубовен триаголник, ќе мора да одлучите со кого сакате да продолжите понатаму.

За да немате проблеми во врската, само внимавајте што зборувате и не избрзувајте како што знаете вие. Мора смирено да се соочите со проблемите.

Ако сте слободни: Ова е вистинско време за патување, на кое може да запознаете забавна личност. Како и да е, убавите мигови на љубовен план ќе дојдат дури кон крајот на месецот.

Внимавајте само да не ве привлече магнетски личност која не е слободна.

Исто така, ставете стоп на мислите за личност од минатото.

Вага

Ако сте во врска: Со партнерот може да бидете во тензични односи поради љубомора. Тензиите може да се и поради финансиски проблеми или некој друг облик на незадоволство во партнерските односи.

Клучно е да комуницирате отворено и заедно да ги донесете важните одлуки за иднината. Ќе имате убави можности заедно.

Ако сте слободни: Ќе бидете во искушение да влезете во паралелна врска со личност од минатото и тоа може да ви го искомплицира животот. Ќе ви биде потребна многу енергија за да испливате од сето тоа.

Дури кон крајот на месецот ќе запознаете личност, каква што си замислувате да имате покрај себе.

Скорпија

Ако сте во врска: Ќе ви биде потребно многу трпение затоа што партнерот од вас бара невозможни работи.

Ако врската ви е нестабилна, може да ѝ дојде крај кон средината на месецот и тоа на ваша иницијатива.

Ако успеете да ја спасите врската, можно е да дојде период на стабилизација.

Ако сте слободни: Ќе бидете расположени за флерт и за нова љубов, но некако нема да ви оди од рака, па периодов ќе го минувате во дружби со пријателите и со постарите членови од семејството.

Посветете се на себеси и не правете работи само затоа што така треба. Има време за сè, уживајте во периодот посветен само на себе.

Стрелец

Ако сте во врска: Не мора да вршите толку голем притисок кога станува збор за односот со партнерот.

Иако имате чувство дека тој сака да ви ја наметне неговата волја, ситуацијата е обратна. И наместо на партнерот, повеќе внимание периодов посветувате на домот и на сè останато.

Опуштете се и олеснувањето брзо ќе дојде.

Ако сте слободни: Ќе имате силна потреба за што побрзо да стапите во врска, но бидете трпеливи.

Ќе запознаете квалитетна личност, но клучно е да си дадете доволно време за да се зближите со потенцијалниот партнер. Нема потреба од избрзани потези.

Јарец

Ако сте во врска: Пред вас претстои прекрасен период, погоден за заеднички патувања, уживање и давање на обострана поддршка. Ова ќе ви ја освежи веќе постоечката љубов.

Партнерот можно е да има проблеми на работа, па добро е да бидете до него.

Ако сте слободни: Можно е да стапите во врска со личност, која постепено ќе стане навистина стабилна. Вашиот љубовен живот може да ве одведе и во странство.

Личноста која ви е предизвик сака да бидете заведена со интелигенција, а вие го можете тоа.

Водолија

Ако сте во врска: Ако сте во лабава врска, можно е токму ова да е месецот за стабилизација.

Ако сте во стабилна врска, тогаш вашиот партнер повторно ќе направи срцето да ви заигра со некој свој потег.

Периодот кој ви претстои ќе ви биде исполнет со заемно разбирање.

Ако сте слободни: Обожавате да излегувате, да се дружите и да уживате во настани од секаков тип, па лесно запознавате нови луѓе.

Една од овие личности месецов ќе биде вистинската за вас. Иако на почеток ќе почне комплицирано со тек на време може да се претвори во нешто сериозно.

Риби

Ако сте во врска: Ако сте во стабилна врска, ова е добар период за планирање на некое патување. Тоа уште повеќе ќе ви го зацврсти односот.

Ако врската е тазе, можно е да имате тинејџерски период на одљубување и заљубување, па дури и да сфатите дека подобро функционирате сами.

Ако сте слободни: Месецов можно е да запознаете некоја личност која ќе биде навистина значајна за вашата иднина.

Само не смеете да се обидувате да бидете нешто што не сте само за да ја освоите, тоа нема да има ефект. Со своето вистинско јас ќе ја добиете нејзината наклонетост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk