logo
logo
logo

Тврдел дека е јасновидец: Измамил 1,3 милиони луѓе и заработил 175 милиони долари-оди во затвор

Vecer | 17.04.2024

Тврдел дека е јасновидец: Измамил 1,3 милиони луѓе и заработил 175 милиони долари-оди во затвор

57-годишниот Патрис Ранер собрал многу пари во текот на 20 години ветувајќи им богатство и среќа на своите клиенти, доколку му испратат пари по пошта.

Поротата го прогласи Ранер за виновен по повеќе точки од обвинението.

„Екстравагантниот начин на живот на Патрис Ранер, на сметка на постарите и ранливите Американци, дојде до својот крај“, изјави инспекторот Крис Нилсен.

Казната од десет години затвор ја нарече соодветна, пишува Би-Би-Си.

Според пресудата, Ранер управувал со измамата, насочувајќи ги соработниците кои ги воделе секојдневните операции. Шемата функционирала така што милиони луѓе добивале писма од Ранер и неговите соработници. Целта била да се убедат жртвите дека писмата ги испратиле „познатите јасновидци“ Марија Дувал и Патрик Герин.

Ранер на суд тврдеше дека не го прекршил законот.

На примателите, главно постари и ранливи Американци, им бил ветен просперитетен живот. Тој побарал од нив да испратат пари во замена за „астрално-видивитска прогноза“. Ако жртвата направела една исплата, би била бомбардирана со дополнителни барања и писма, објаснуваат обвинителите.

Секоја недела испраќале илјадници исти писма.

Американското Министерство за правда соопшти дека Ранер користел бројни компании, регистрирани во Канада и Хонг Конг за да ја скрие својата вмешаност. Тој долго време живеел во различни земји во странство, вклучувајќи ги Франција, Костарика, Шпанија и Холандија.

Ранер негирал дека го прекршил законот, велејќи во интервју за Walrus Magazine минатата година дека „можеби не е морално, но тоа не значи дека е измама“. Во интервјуто кое го дал од притворскиот центар во Њујорк, Ранер се пофалил со своите вештини за пишување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk