logo
logo
logo

Турист на скутер превезува „сувенир“ од 30 килограми- полицајците во шок

Vecer | 26.05.2025

Турист на скутер превезува „сувенир“ од 30 килограми- полицајците во шок

Сето тоа се случило на историската улица Виа Венето во Рим, во близина на Американската амбасада, и се покажало дека тој носел дел од антички столб, тежок 30 килограми!

Германецот не е обвинет

Претставник на римските археолози истакнува дека античкиот артефакт е од „историско значење“. Полицијата соопшти дека туристот тврдел дека го добил камениот дел од столбот како „сувенир“, но останува нејасно дали платил за него.

Властите велат дека Германецот не е обвинет, но е под истрага за „примање украдено културно богатство“. Неговото име не е објавено.

Археолозите го проучуваат артефактот за да утврдат каде е однесен, објави Си-Ен-Ен.

Фрустрации во врска со туристите

Инцидентите предизвикани од туристи не се новина за италијанските власти, а неодговорното однесување на поединци предизвикува фрустрација со години.

Во последниве години, имаше случаи на луѓе кои возеле електрични тротинети по Шпанските скали, врежале иницијали во ѕидовите на Колосеумот, па дури и возеле мопед во античките урнатини на Помпеја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk