logo
logo
logo

Цукерберг го пофали својот соперник Маск

Vecer | 03.02.2025

Цукерберг го пофали својот соперник Маск

Откако, според многумина - неочекувано, Цукерберг најави и промени во работењето на компанијата, тој го поддржа новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Новитетите наидоа на критики кај некои вработени и корисници. Пример за тоа беше укинувањето на проверувачите на факти.

Во неделното сумирање на заработката на „Мета“, Цукерберг коментираше дека начинот на „Х“ проверува содржина и факти е поделотворен од она што „Мета“ го имаше досега.

- Не се плашам да го признаам тоа кога некој ќе направи нешто подобро од нас. Нашата работа е да го имплементираме најдобриот систем, бидејќи тоа ќе нѐ направи подобри, рече Цукербер.

Џоел Каплан, еден од директорите на „Мета“, рече дека овој пристап, каде што самата заедница одлучува кои објави се погрешни и имаат потреба од дополнителен контекст, и дека оваа заедница е составена од различни луѓе со различни перспективи и погледи на животот, е многу подобар. Тоа ја намалува можноста за пристрасност.

Имајќи предвид дека во еден миг Маск и Цукерберг не беа најдобри пријатели во минатото (дури договорија и тепачка во кафез - што никогаш не се случи), пофалбите на Цукерберг за „X“ покажуваат дека нивниот однос се подобрува. Маск возврати на „X“: „Тоа е одлично“.

Тоа значи, наместо во кафез, попрво ќе ги видиме овие двајца технолошки милијардери на некоја свечена вечера. И, веројатно, во друштво на Трамп. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk