logo
logo
logo

Цените на нафтата од типот Брент се намалуваат пред закажаните преговори меѓу Иран и САД

Vecer | 17.02.2026

Цените на нафтата од типот Брент се намалуваат пред закажаните преговори меѓу Иран и САД

Цените на нафтата се намалија во азиската трговија денеска додека инвеститорите го проценуваат ризикот од прекини во снабдувањето откако Иран одржа воено поморски вежби во Ормутскиот теснец непосредно пред планираните преговори со САД за нуклеарната програма подоцна во текот на денот, пренесуваат светските агенции.

Фјучерсите за типот Брент, кој е референтен за Европа, паднаа за 0,47 проценти, или 32 центи, на 68,33 долари за барел изутринава, откако вчера се зголемија за 1,33 проценти.

Американската лесна сурова нафта се тргуваше по 63,51 долари за барел, што е зголемување од 62 центи, или 0,99 проценти. Сепак, движењето ги вклучува сите ценовни движења од вчера, бидејќи немаше официјално затворање на трговијата поради одбележување на празникот Ден на претседателот во САД.

Некои пазари во Азија останаа затворени денеска поради празникот Лунарна Нова Година, вклучително и во континентална Кина, Хонг Конг, Тајван, Јужна Кореја и Сингапур.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk