logo
logo
logo

Трудница во Франција претепала две бабици и чистачка- чекала предолго на преглед

Vecer | 22.04.2024

Трудница во Франција претепала две бабици и чистачка- чекала предолго на преглед

Бизарниот инцидент ги потресе работниците во болницата во Марсеј, а една бабица, која била првата на удар, поминала најлошо.

Како што пишуваат француските медиуми, трудницата збеснала што чекала подолго, па се нафрлила на бабицата и почнала да ја удира.

„Откако ја удри, почна да плука по неа“, сведочела колешката која била сведок на инцидентот.

Трудницата потоа грабнала метла од количката на чистачката и смртно удрила друга бабица, која се обидела да ја спаси нејзината колешка.

После тоа се нафрлила на чистачката, која ја удрила во стомакот, а потоа ја плукнала.

Осомничената, која има околу 40 години, потоа со глава удрила друга членка на медицинскиот персонал, а потоа обезбедувањето успеало да ја задржи.

Синдикатот на здравствените работници е шокиран од нападот врз нивните колешки.

„Ова беше многу насилно, разговаравме со колегите, тие беа истрауматизирани“, вели Кариме Дежбали од синдикатот.

Од здружението посочуваат дека се зачестени нападите врз здравствените работници.

Медиумите јавуваат дека трудницата била префрлена во друга институција, во овој момент не се знае дали против неа ќе биде поднесена пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk