logo
logo
logo

Троши околу 30 илјади евра годишно за да личи на жива кукла: Ми треба партнер кој ќе ме финансира!

Vecer | 24.05.2021

Троши околу 30 илјади евра годишно за да личи на жива кукла: Ми треба партнер кој ќе ме финансира!

Најголемата животна желба ми е да изгледам како жива кукла, вака Џими Федерстон (22) по потекло е од Англија ја започнува својата приказна.

Тој и додава дека не планира да запре со операции и корекции додека не изгледа целосно пластично и целиот свет не слушне за него.

Имено, Џими на годишно ниво троши повеќе 23.000 евра годишно за да изгледа како неговиот најголем идол – Кен.

-Отсекогаш сум бил некој што сака да се издвојува од толпата, никогаш не сакав да изгледам како сите други, рече Џими.

Следната операција што тој планира да ја направи е операција на носот. Тој сака да го намали носот што е можно повеќе, со цел да личи на измислен лик од цртаниот филм.

Сакајќи да стане славен и да ја пронајде својата вистинска љубов по раскинувањето на тригодишната врска со 40-годишен партнер, Џими влегува во реално шоу за да ја пронајде својата среќа.

-Не мислам дека некој на моја возраст може да ми даде начин на живот што го посакувам, додека некој што е постар и заработил пари може, беше искрен Џими.

Го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и работел административно со цел да заштеди и да плати за сите негови естетски зафати. Тој вели дека е свесен дека луѓето не веруваат дека тој платил за повеќето од неговите постапки сам, но дека за него е најважно да знае колку работел за нив.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk