logo
logo
logo

Трипадвајзор: Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит

Vecer | 20.02.2026

Трипадвајзор: Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит

 Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа.

Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на југозападниот дел од островот Крит. Нејзиниот речиси надреален пејзаж се создава кога тиркизното море ги заплискува широките појаси од розов песок. Карактеристичната боја е резултат на ситно издробени школки и микроорганизми со црвен пигмент, донесени од коралните гребени и измешани со белиот песок под влијание на плимата.

Посетителите можат да ја планираат прошетката за време на осека, кога се појавува песочен премин што го поврзува Крит со малото островче Елафониси, или да поминат низ плитката вода за да стигнат до помирните и поскриени заливи. Поради сè поголемата популарност, се препорачува посетата да биде надвор од шпицот на туристичката сезона.

Интересно е што плажата во 2025 година беше прогласена не само за најдобра во Европа, туку и во светот. Сепак, според онјан медиумот „Трипадвајзор“, светската титула за 2026 година ѝ припадна на Исла Пасион ( Isla Pasión во Мексико. И покрај тоа, Крит останува доминантен на европската листа, со дури три плажи меѓу првите десет.

Топ 10 плажи во Европа според онлајн платформата Трипадвајзор за 2026:

·        Елафониси, Крит, Грција

·        Лагуна Балос, Крит, Грција

·        Праја да Фалезија, Ољош де Агуa, Португалија

·        Ла Пелоса, Сардинија, Италија

·        Фаласарна, Крит, Грција

·        Платха де, Мајорка, Шпанија

·        Палеокастрица, Крф, Грција

·        Спјаџа деј Кониљи, Лампедуза, Италија

·        Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија

·        Плаж де Паломбажа, Порто-Векио, Франција

Европа и оваа година потврдува дека нејзините плажи можат рамноправно да се натпреваруваат со најегзотичните светски дестинации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk