logo
logo
logo

Третпат снема струја на Куба

Vecer | 20.10.2024

Третпат снема струја на Куба

Кубанската национална електрична мрежа во петокот попладне првпат престана да работи, но беше рестартирана, но вчера утрото повторно падна.

- Вечерва во 22 часот и 25 минути целосно е исклучен националниот електроенергетски состав, објави компанијата „Хавана електрик“ на социјалната мрежа Телеграм.

Подоцна објавата е отстранета од Телеграм, а милиони луѓе и денеска се без електрична енергија.

- Процесот на повторно воспоставување на електричната мрежа и понатаму е сложен, објави кубанското Министерство за енергетика на платформата Икс.

Поради падот на електричната мрежа во Хавана и во Маријана синоќа имаше протести.

Дури и пред падот на мрежата Куба се соочуваше со недостиг на електрична енергија. Комунистичката влада на Куба во петокот ги испрати дома несуштински владини работници и ја откажа наставата во училиштата, обидувајќи се заштеди гориво за производство на електрична енергија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk