logo
logo
logo

Трамп за денеска најави објавување на 80.000 страници документи за убиството на Кенеди

Vecer | 18.03.2025

Трамп за денеска најави објавување на 80.000 страници документи за убиството на Кенеди

- Луѓето чекаат на ова со децении. Ќе биде многу интересно, изјави Трамп при посетата на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

На новинарско прашање дали видел што има во документите, Трамп рече дека само слушнал, но и дека луѓето треба сами да си направат резиме по објавените документи.

Во февруари, Федералното истражно биро (ФБИ) објави дека открило илјадници нови документи за убиството. Трамп уште во првата недела од мандатот нареди откривање на досиејата и најави дека ќе бидат објавени и документи поврзани со убиствата на Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

Последен пат беше објавена голема количина на документи поврзани со атентатот во 2022 година, кога Националниот архив објави скоро 13.000 нови досиеја поврзани со убиството на Кенеди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk