logo
logo
logo

Трамп не ја поднесува Меган Маркл: „Хари е искористен, еден ден ќе зажали“

Vecer | 04.12.2021

Трамп не ја поднесува Меган Маркл: „Хари е искористен, еден ден ќе зажали“

Некогашниот претседател на САД, Трамп не ја поднесува Меган Маркл сопругата на принцот Хари,  па така повеќе пати ја коментираше јавно во негативен контекст.

„Не сум фан на Меган Маркл. Сакам да го нагласам уште ова: На Хари му посакувам многу среќа во бракот, сигурно ќе му треба“, изјавил минатата година Трамп на една конференција во Белата куќа.

Овојпат Трамп повторно го коментирал кралскиот пар. Во големо интервју кое неодамна го дал, контроверзниот бизнисмен ја обвинил војвотката од Сасекс дека не ја почитува кралицата и дека за тоа го користи Хари.

„Не сум нејзин обожавател. Не сум, од првиот ден. Мислам дека Хари е искористен и мислам дека еден ден ќе зажали за тоа“, изјавил Трамп и ја означил Меган како главен виновник што британскиот принц односите со кралското семејство ги свел на минимум.

Некогашниот претседател на САД тврди и дека постојат одредени индиции дека Меган и Хари му помогнале на Бајден да победи на претседателските избори во САД.

Меган, според неговите зборови, ја користела својата титула кога контактирала со републиканските сенатори обидувајќи се да прави работи кои не се пристојни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk