logo
logo
logo

Традиционална прошетка на сопственици и кучиња во Мадрид, посветена на борбата против напуштањето животни

Vecer | 31.12.2025

Традиционална прошетка на сопственици и кучиња во Мадрид, посветена на борбата против напуштањето животни

Настанот, кој се одржува на крај од годината, го организира здружението за заштита на животните „Ел рефухио“  (El Refugio), кое се бори против злоставување животни и за вдомување напуштени кучиња и мачки.

Учесниците на настанот помина низ центарот на шпанската престолнина, вклучувајќи го и плоштадот Пуерта дел Сол, завршувајќи го со традиционалното новогодишно јадење грозје. Дел од кучињата беа облечени во празнични костими, што дополнително придонесе за свечена атмосфера.

Според Сузана Изабел Фернандез, една од учесничките на настанот, кучињата се суштества полни со љубов и жално е што луѓето ги третираат како играчки и потоа ги напуштаат. 

Организаторите порачаа дека ваквите јавни иницијативи играат важна улога во потсетувањето на јавноста дека грижата за животните е одговорност во текот на целата година, а не само за време на празниците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk