logo
logo
logo

Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи

Vecer | 17.06.2024

Топлотен бран во Саудиска Арабија, во Мека измерени 51,8 степени, расте бројот на смртни случаи

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати. 

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk