logo
logo
logo

Тивкиот дете-убиец од соседството: Семејството почнало мистериозно да му умира, а потоа е откриена страшна тајна!

Vecer | 21.06.2021

Тивкиот дете-убиец од соседството: Семејството почнало мистериозно да му умира, а потоа е откриена страшна тајна!

Истражувачите тврделе дека Грахам Јанг бил бријалентен познавач на отрови и дека можел да стане еден од водечките експерти во оваа област. Но, како момче тој избрал друга патека и оттаму го добил прекарот “тивкиот трујач од соседството”.

Само неколку месеци откако бил роден, неговата мајка починала од туберкулоза, а нејзината смрт оставила огромни последици врз него. Јанг до својата трета година живеал со својата тетка, а по 3та година почнал да живее со својот татко и неговата девојка.

Од сам старт тој бил проблематично дете – опседнато со хемија и со Хитлер. Било необично, повлечено и осамено дете. Деновите ги поминувал со својот сет од алатки по хемија, а главна опсесија му било правењето на отрови.

Првата жртва на Јанг бил неговиот школски другар Крисофер Вилијамс, на кого му ставил отров во шоља кафе, а набрзо потоа почнал да го труе и своето семејство.

Прва на тапет била неговата сестра Винфред на која нагло и се слошило – а во нејзиниот организам лекарите пронашле отров. Набрзо потоа од “мистериозна болест” умрела девојката на неговиот татко. Неколку месеци подоцна болен паднал и неговиот татко.

Првиот сомнеж за суровите убиства на Јанг се јавил кога неговиот професор ги записите за отрови на Јанг. Тој се посомневал дека токму Јанг е виновен за смртните случаи во неговото семејство и го пријавил во полиција.

Јанг пред судот признал дека го отрул својот татко, својот другар и сестра му но не признавал дека ја убил девојката на татко му и тоа само поради фактот дека судот немал докази за ова убиство.

На свои 14 години бил примен во психијатриска болница од каде продолжувал да експериментира со отрови. Па така, по неколку месеци во болницата тој убил друг пациент со цијанид. На свои 23 години е пуштен од болница и се преселил во локален хотел, од каде продолжил да убива.

Се вработил во градска лабараторија каде секојдневно со своите колеги правел чај и кафе. По изненадната смрт на двајца негови колеги и многуте боледувања на другите колеги полицијата решила да отвори истрага.

Грахам е уапсен и му било судено за две убиства, два обиди за убиства и неовластено ракување со отрови. Во јуни 1972 година е прогласен за виновен и осуден на 4 доживотни затворски казни. За време на пресудата тој им се обратил на својата тетка и сестри со зборовите “Заборавете све за мене. Жал ми е.”

На 22 август 1990 година, чуварите во затворот каде тој одлежувал казна го пронашле мртов во својата ќелија. Официјалните наоди од биопсијата укажуваат на тоа дека Јанг починал од инфаркт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk