logo
logo
logo

Time Out: Битола меѓу топ 5 локации во Европа кои вреди да се посетат

Vecer | 26.04.2026

Time Out: Битола меѓу топ 5 локации во Европа кои вреди да се посетат

Веб сајтот timeout.com, за кој работат локални новинари и експерти и кој е дел од компанијата Time Out, основана уште во 1968 во Лондон, објави статија со наслов „Најпотценетите дестинации во Европа за 2026 година – скриени бисери подалеку од толпите“.

На оваа листа, од предложените 24 локации, Битола се наоѓа на четвртото место како прекрасна дестинација за голем број посетители кои може да уживаат во прекрасната архитектура и во познатиот град на конзулите да ја почувствуваат историјата која блеска од секој агол.

Во првите 10 на листата најпотценети дестинации кои вреди да се посетат во Европа за 2026 се најдоа и Пловдив, Улцињ,Гент, Дери, Ливно,Терацина, Изола, Виљах, Герес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk