Таа, исто така, напиша криптична порака, што дополнително ја „загреа“ мистеријата: „Толку пати сум поминала покрај оваа работа во последните 20 години и дури сега сфаќам за што служи“.
Видеото брзо стана вирално и „собра“ повеќе од 4,6 милиони прегледи од 22 октомври.
До скалилата стоел необичен предмет, а гледаме како рака се приближува.
Авторот потоа ги зема металните „ливчиња“ и ги става на страна, но и тоа не било доволно за луѓето да сфатат за што служи.
„Дали само го најдов она што мислам дека е“, напишала таа.
Сара додала дека нејзиниот татко се сеќавал на еден необичен предмет во куќата во раните 1970-ти, навестувајќи ги неговите „винтиџ“ корени, пренесува Newsweek.
@secondhandsarahtonin I’ve walked past this thing so many times in the last 20 years and i’m just realizing 😱 #secondhandsarahtonin #vintage #vintagehomedecor ♬ Falling Leaves - Glenn Miller & His Orchestra
Гледачите биле воодушевени, а многумина шпекулирале за неговата намена. Неколкумина веднаш сфатиле за што се работи.
„Тоа е украсен пепелник во форма на цвет!“
„Вистински винтиџ забавен пепелник“, напишала една личност.
Поединци се присетиле на слични предмети од нивните домови, нагласувајќи дека украсните пепелници некогаш биле вообичаени во домовите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата