Познат како @foodyfellowship на социјалните мрежи, самопрогласениот „зависник од газирани пијалоци“ споделил серија неверојатни тврдења за количината на газиран сок што може да ја испие во еден ден.
Во видеото насловено „Животот на зависникот од газиран пијалок, XII дел“, кое собрало речиси осум милиони прегледи, TikToker ги прошетал своите следбеници низ неговите необични навики за пиење.
Неговиот ден започнува со четири лименки Diet Dr Pepper (пијалок сличен на Кока-Кола), секоја од 355 ml – вкупно 1,4 литри течност пред да се упати во теретана. На пат кон теретана, тој додава уште 2,95 литри сок во своето големо шише, со што неговата вкупна количина изнесува 4,35 литри пред утринскиот тренинг. За време на тренингот пие еден до два литри вода – но тоа е сѐ што ќе испие во текот на денот, што се однесува до водата.
После тоа, тој се враќа на газирано, отворајќи нови лименки, па дури и додавајќи сирупи со вештачки вкус во термосот за дополнителен вкус. Кога ќе заврши со термосот, тој се префрла на други газирани пијалоци, како Root Beer, повеќе Dr Pepper и големи чаши сода од ресторани за брза храна. Денот завршува со патување во кино, каде што нарачува голема чаша газиран пијалок.
На крајот од денот, вкупната количина на газирани пијалоци што ги пие изнесува неверојатни 18,15 литри. „Дали е ова повик за помош?“, „Лошо се чувствувам откако ќе испијам една чаша“, „Не се чувствувам добро што го гледам ова од Европа“, се само дел од коментарите.
@foodyfellowship LIFE OF A SODA ADDICT PART XII Let me show you how much soda I consume on average in a day. (Yes I drink water at the gym so we aren’t including that into the equation.) Is drinking several hundred ounces of soda daily sustainable?
♬ Immigrant Song (Remaster) - Led Zeppelin
„Тиктокер“ тврди дека тој ги купува лименките на попуст „купи две, добиј три“, што му заштедува значителни пари за неговата навика. Сепак, тој признал дека морал да купи поголем автомобил за да може да ги транспортира пијалоците за една недела.
И покрај сѐ, тој тврди дека никогаш немал никакви здравствени или проблеми со забите поради неговата „зависност“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата