logo
logo
logo

„Атерирала“ со автомобилот на покрив во канал полн со вода- стигнала неочекувана помош (ВИДЕО)

Vecer | 16.01.2025

„Атерирала“ со автомобилот на покрив во канал полн со вода- стигнала неочекувана помош (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кон крајот на 2024 година, откако жртвата од несреќата изгубила контрола и слетала во канал полн со вода. Нејзиниот автомобил се превртел на покривот.

Сил Џонсон (28), неговата сопруга Ешли Мартин (27) и нивната шестгодишна ќерка биле на гости кај пријатели, а живеат во градот Мерисвил (Вашингтон).

Девојчето си играло пред куќата, недалеку од Ларкин Роуд, кога ја видела несреќата и истрчала да ги повика родителите. Таткото прв излегол, ја прескокнал оградата и без размислување се симнал во каналот.

Неговата сопруга тргнала по него, а Карпентер ја нашле со главата во вода. Бидејќи била врзана со ремен, Сил брзо го пресекол безбедносниот појас со нож, пишува Yahoo.News.

Повредената жена ја извлекле на безбедно и останале покрај неа додека не дојде брзата помош. Потоа била пренесена во болница каде ѝ биле констатирани полесни повреди.

„Да не беше херојскиот чин на Сил, Ешли и нивната ќерка, исходот ќе беше поинаков. „Го поздравуваме она што го направи ова семејство“, велат властите.

Тогаш беше откриено дека Сил Џонсон бил на местото на несреќата и кај Хаусли Роуд, на 13 октомври минатата година, кога му помогнал на повредениот возач.

„Тој е вистинскиот човек за тешки ситуации“, било нагласено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk